
ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидирање на кандидати за претседател на Унијата на жени, како и за претседател на Унијата на млади сили на партијата.
Сите заинтересирани, потребната документација за кандидирање може да ја подигнат и да ја поднесат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, секој работен ден од 12 до 17 часот, најдоцна до 15 ноември.