Пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Координаторката на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Елизабета Канческа-Милевска денеска кажа дека осумтемина пратеници нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања треба да биде закажана деновиве и на неа треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Груевски откако Кривичниот суд официјално го извести Собранието дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.

Во пратеничката осумка се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.