2.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Oва не е спас на Македонија, туку создавање мини-федерација

Јасна Котеска, професор на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошки факултет, истакна дека со Договорот од Преспа и со бршењето на АСНОМ од Уставот, не се гради државноста, туку се создава мини-федерација.

-По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката. Туку создавање мини-федерација. Како стручњак за 19век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е FUD. Само сведоштво. – напиша професорката на Твитер.

Професорката Котеска која беше согласна да се отвори процесот на промена на уставот и индиректно му даваше поддршка на премиерот Заев за дел од неговите политики се освести.

Сега вели дека премиерот некому должи и затоа се решил да ја носи Македонија кон федерализација.

„Најискрено не ми е јасно во какви должничко-доверителски односи се ставил тековниот премиер и зошто става олкави чипови за земјата, за што ниту бил гласан, ниту понудил во програмата за гласање. По многу месеци размислување, ова сигурно знам: нешто овде не е во ред“, вели Котеска.