
Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, беше отповикана поради тоа што на приемот по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турска Република облекла костим како на Елена Тројанска.
Весникот „Хуријет“ објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, амбасадорката носи фустан со мотиви од грчката антика.
Дневник „Созчу“ наведе дека Јавузалп била облечена како Елена Тројанска, а слични комбинации на антички костими имале и други вработени во амбасадата, пренесува „Политико“.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу на Твитер напиша дека е покрената истрага веднаш откако биле објавени фотографиите, а амбасадорката е отповикана.