2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Колку се зголемени приходите на компанијата на Савидис откако Заев ја презеде власта?

Поминуваат месеци откако лично Зоран Заев со функција премиер, изјави дека има сведочења дека руски бизнисмени или бизнисмен делел пари на младинци за организирање на протести.

До сега од Министерството за внатрешни работи нема никаков доказ или истрага која го потврдила тоа. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тогаш рече дека кога ќе има нешто ќе го соопшти во јавноста. И од тогаш молк! Тој молк се должи на две опции, или Заев лажел, или Спасовски крие? За ова второто, медиумите упатуваат дека постои можност за поинакви релации, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и додаде:

Се пишува за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, а распослан низ Грција, Иван Савидис. Оттука Заев и Спасовски мора да одговорат: – Дали и колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија, и дали има поврзаност со Владата, премиерот и висок функционер од  ЛДП која е дел од владејачката коалиција? -Дали Заев знаел чија компанија посетува кога го посети тутунскиот комбинат во Крушево, кој што е дел од синџирот на компании на Савидис? Дали Заев беше придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?  -Колку се зголемени приходите на компанијата Секе на Савидис по 2017 година односно откако Заев ја презеде власта? -Дали поранешниот директор на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски кадар на привезокот на Заев ЛДП, е главен потписник, прокурист на компанијата на Савидис? -Дали Заев знае дека неговиот пријател, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, е тесно поврзан со Иван Савидис, кој што веројатно му е и спонзор во политичката кариера? – Дали знаел Заев дека хотелот Македонија Палас во Солун, или како милува Заев „Тесалоники“, каде што Заев оди на прослави со семејството и советниците од владата, е токму хотел на Иван Савидис?“

-Уште од насилното заземање на власта, Заев и неговата однародена криминогена банда се обидуваат секое спротивставување на насилните политики против обезличувањето и бришење на македонскиот народ, посебност и историја да ги прикаже како „странска руска интервенција“. Заев до сега освен празни флоскули, но и лаги, имајќи ги предвид раскажаните наводни сведочења на младинци, нема предочено никаков реален показател. Напротив, ваквите дилеми кои што сега ги отворија медиумите, но со можност за сомневање таа врска да биде во насока на владиното делување. Заев има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања, во спротивно само ќе ги засили сомнежите, дополни Стоилковски.