Дачиќ: Запад бара да не ги иритираме Албанците

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека западните земји бараат од Србија да ја запре дипломатска акција со која успешно влијае на државите кои го признаа Косово, за да ја преиспитаат таа позиција и ја понишат, бидејќи со тоа наводно се нарушува дијалогот со Приштина.

Албанска партија се жалела на западњаците од мене и Запад бара да престанеме со тоа, затоа што ги иритира  Албанците и му штети на дијалогот, а нивните лобирања за нови признавања и за членство во меѓународние рганизации е во ред, рече Дачиќ за ,,Новости”.

Говорејќи во врска со одлуката на Гренада да го повлече признавањето на Косово, Дачиќ оцени дека тоа е уште еден голем резултат, не само за оспорувањето на косовската независност, туку и за сфаќањето дека тој проблем може да се реши само со дијалог и дека ова прашање не е решено.

И при гласањето за прием во Интерпол ќе се види дека тоа не е решено и дека на листата на Приштина за бројот на држави кои го признаа Косово е лажна. Бидејќи, наводно, имаат толку голем број држави, тогаш може да се очекува дека ќе бидат примени во Интерпол, а јас можам да гарантирам дека тоа нема да се случи, вели Дачиќ.