3.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

(АУДИО) Шилегов со навреди кон советник на седница на Совет

Градоначалникот на Град Скпопје, Петре Шилегов, на седница на Совет, на крајно понижувачки начин упатува навреди до советничка, која укажува на лошата состојба во прифатниот центар за кучиња скитници “Вардариште”.

Покрај грубиот однос, бројни се и навредите и дисквалификациите, како и неможноста на неговата соговорничка да ја искаже својата мисла до крај.

Во аудиото кое до Лидер го доставиле загрижени советници, се слуша како на самиот крај градоначалникот Шилегов се заканува дека ќе ја исклучи од понатамошна дискусија советничката која според него наводно ширела лажни вести.