Велосипедист почина од удар на автомобил

Велосипедист почина, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Несреќата се случила вчера околу 17:40 часот, кога патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот  Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.

Т.С.  починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.