Чешката влада следната седмица гласа за излегување од Компактот за имиграциите на ОН

Чешката влада ќе гласа следната седмица за предлогот за излегувањето од Глобалниот компакт за имиграциите на Обединетите нации, најави во средата портпролот на социјалдемократите CSSD, помалата партија во владејачката коалиција.

Глобалниот компакт, своевиден каталог мерки за сигурни, уредени и законски имиграции, познат и како Маракешкиот договор, беше создаден под покровителство на Обединетите нации. Треба да биде потврден следниот месец во Мароко.

Процесот на составување на овој документ почна со усвојувањето на Њујоршката декларација за беглаците и мигрантите од 2016 година, којашто ја прифатија 193 земји членки на ОН.

Од оваа спогодба веќе се повлекоа Австрија, САД и Австралија, а најверојатно тоа ќе го сторат и Чешка, Полска и Унгарија, центалноевропски земји членки на Европската унија, кои заедно со Словачка ја сочинуваат ткн Вишеградска група, коишто се противеше и на распределбата на мигрантите според принципот на квоти одреден до Брисел.