Махашта Мураси, кој живее на северот на Индија тврди дека има 179 години!
Овој Индиец ќе успее да се запише во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да докаже дека навистина има 179 години.
Мураси наводно е роден во 1835-та година, а се шпекулира дека има документи со кои ќе го докаже тоа.
Старецот цел живот работел како чевлар, поточно до 1957-ма година, а кога имал 122 години заминал во пензија.
„Можеби ангелот на смртта заборавил на мене“, се пошегувал Мураси, кој додал дека живее толку долго што ги надживеал внуците на своите внуци.
Овој старец нема сериозни медицински проблеми, а неговиот лекар починал уште во 1971-та година.
Ако се докаже дека Мураси навистина има 179 години, научниците би можеле врз основа на неговиот пример да ја откријат долговечноста.