Преговарачите на Европската унија им соопштиле на националните претставници во петокот дека е потребно уште работата за да се усогласи договорот со Велика Британија за нејзиното напуштање на ЕУ, изјавиле за Reuters неименувани дипломатски извори запознаени со текот на состанокот.
Еден дипломат изјавил дека членовите на тимот на главниот преговарач на Европската комисија, Мишел Барние, се „умерени“ и „без драма“. „Ќе има уште разговори“, сублимирал друг дипломат.
Сабине Вејанд, заменичка на Барние, имала разговори со Оливер Робинсон, главниот преговарач на британската премиерка Тереза Меј, додале функционери од ЕУ, додавајќи дека дополнителните разговори се планирани за во недела, со што се задржува интензивното темпо на преговорите.
Двете страни се согласни дека договорот е потребен, но преговорите остануваат на мртвата точка поради несогласувањата околу уредувањето на „тврдата граница“ меѓу Северна Ирска, којашто е дел од Обединетото Кралство, и Република Ирска, којашто е членка на Европската унија. Тоа е прашање коешто ја подели и владата на Тереза Меј и ја загрози можноста за ратификување на договорот во британскиот парламент, и ги зголеми и изгледите Лондон да излезе од Унијата без договор.
„Топката останува на британската половина“, изјавил за агенцијата трет европски дипломат, истакнувајќи дека ЕУ веќе му дала на Лондон многу опции, како и дека Британците досега требало да донесат одлука.
Велика Британија ќе ја напушти Европската унија на вечерта на 29-ти март следната 2019 година, со или без договор кој би требало да го олесни излегувањето со коешто ќе се оддели петтата според обемот светска економија од нејзините најголеми трговски партнери.
Зголемувајќи го притисокот врз премиерката Тереза Меј, во петокот Џо Џонсон, помладиот брат на поранешниот лондонски градоначалник а потоа и шеф на британската дипломатија Борис Џонсон кој се повлече од должноста, поднесе оставка на должноста во владата повикувајќи на нов референдум за да се избегнат бнејзините планови за Брегзитот да ја предизвикаа најголемата криза на Островот од Втората светска војна наваму. Поденесувајќи ја оставката на должноста потсекретар во министерството за сообраќај, Џо Џонсон ги нарече плановите на Меј „илузии“, и рече дека не може да гласа за договорот кој таа треба да го објави во парламентот по неколку седмици.
Кабинетот на премиерката Меј, потоа во својот одговор повтори дека Велика Британија нема да одржи втор референдум за членството во Европската унија, под никакви околности.
„Референдумот од 2016 година беше најголемиот показател на демократијата во историјата на оваа земја… Нема ни под какви и да се околности да одржиме нов референдум“, соопшти портпаролот на кабинетот на британската премиерка.