
Косовското здружение „Чамериа“ во Приштина, организира „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово.
Според организаторите, настанот не е поврзан со ниедна политичка структура, туку е „за доброто на граѓаните на Косово“.
Обединувањето на Прешевската Долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население, со Косово е идеја која што упорно ја промовира косовкиот претседател Тачи, а на која остро се спротивставуваат речиси сите релевантни косовски фактори, како и поголемиот дел од меѓународната заедница.