Стрелецот на првите два погодока, централниот дефанзивец на Реал (М), Серхио Рамос, по натпреварот изјави дека е многу среќен поради постигнатите голови, но најважно од се е дека неговиот тим обезбеди пласман во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
„Нормално дека сум среќен поради постигнатите погодоци, но погодокот е нешто лично, а најважно од се е колективниот успех, пласманот во финалниот натпревар. Психолошки натпревар, имаше многу прекршоци, но Реал (М) беше поквалитетниот тим и заслужено забележа толку убедлива победа. Јас ја имав таа среќа да постигнам два погодка, а тоа не е малку за еден полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Игравме со срце и душа, го исполнивме големиот сон, пласман во финалниот натпревар. Сега имаме нова зацртана цел, освојување на победничкиот пехар, освојување на јубилејната десетта титула во Лигата на шампиони,“ изјави репрезентативецот на Шпанија.