ВИДЕО Кралот на Мароко заспа за време на говорот на Макрон

На вчерашната церемонија во Париз по повод обележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна присуствуваа околу 80 познати лидери од целиот свет.

Меѓу нив бил и мароканскиот крал Мухамед Шести, кого камерите го фатиле како задремал.

Кралот седел во првиот ред до првата дама на САД Меланија Трамп, а за време на говорот што го одржа францускиот претседател, Емануел Макрон заспа.

Меланија тоа го игнорира, додека Доналд Трамп, кој седи до сопругата, не е многу воодушевен.

https://twitter.com/AlexLeroy90/status/1061778685030731776