
Официјалните податоци на Министерството за животна средина, пак, утринава покажуваат загаденост во Центар, три пати над дозволеното, кај Ректорат 102 ПМ10, 100 во Бутел, 148 ПМ10 во Миладиновци, а 136 во Сопиште.
Инаку, синоќа мерната станица во Сопиште покажа екстремно висока загаденост, со над 400 ПМ10 на метар кубен.
Според глобалната апликација Ер Вижуал (AirVisual) , која ги рангира градовите во светот по загаденост на воздухот, денеска Скопје се наоѓа повтроно на врвот, однсосно на седмото место.