Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, во средата ја најави својата оставка ден по договорот за прекин на огнот договорен со палестинските милитантни исламистички групации во енклавата Појасот Газа, кој го нарече „капитуалција пред тероризмот“, со што ќе предизвика потрес во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Авигдор Либерман, кој важи за ултртанационалист кој во претходните влади на Бенјамин Нетанјхау беше и министер за надворешни работи а потоа и за одбрана, пред новинарите го критикуваше прекинот на огнот во Појасот Газа велејќи дека тоа претставува „капитулација пред тероризмот“ и повика на спроведување парламентарни избори пред рокот во ноември 2019 година, со што ја доведува во низвесност владата составена во 2015 година и којашто се смета за најдесната во седумдесетгодишното постоење на Државата Израел.
Најави и повлекување на малата партија Израел Бектенјноу, којашто ја предводи, од владината коалиција со што теоретски му препушта место на прмиерот со минимално мнозинство од еден мандат. Функционер на партијата Ликуд, на Бенјамин Нетанјаху, изјавил за AFP дека премиерот ќе го преземе портфељот на одбраната и оценил дека предвремените избори не се потребни.
„Линијата којашто ја следевме последните месеци е целосно погрешна… Државата купува краткорочен мир со цена на големи долгорочни штети за националната безбедност“, продолжил Либерман.
Објасни дека со споменатото примирје се дава нецелосен, несоодветен и неприфатлив одговор на повечќе од 500 ракети од палестинската енклава врз израелската територија. Либерман, исто така, ја критикуваше одлуката на владата да го дозволи трансферот на парите од Катар во појасот Газа, главно насочени за исплаќање на платите за функционерите на палестинското исламистичко движење Хамас коеѓто управува со енклавата.
Пред најавата на оставката на Либерман, премиерот Нетанјаху ја бранеше својата одлука и рече дека нивните непријатели молеле да го прифатат прекинот на огнот, како и дека знаат зошто тоа го прават.
Хамас оставката на израелскиот министер за одбрана ја оцени како „победа за Газа, којашто со својот отпор ја стресе израелската политичка сцена“.
Во средата утрото деца си играа на југот од Израел и во Појасот Газа се вратија во училиштата првпат откако палестинските вооружени групации започнаа со лансирање прокетили иминофрлачки гранати врз израелската територија, а израелската восјка возврати со бомбардирања на десетици позиции во енклавата.
Најмалку 14 Палестинци се убиени во последните израелски напади. Во судирите загина и еден израелски офивер и уште еден Плаестинец кој работел во Израел, а загинал во експлозија на палестински прокетил.
Завојуваните страни беа повеќе од кога и да е од 2014 година близу започнувањето на четвртата војна во текот на една деценита на територијата којашто е под блокада сместена меѓу Израел, Египет и Средоземното Море, пред во вторникот да биде објавен прекинот на огнот.