Во САД запленети 18,5 тони кокаин во вредност од 500 милиони долари

Американските власти заплениле 18,5 тони кокаин, чија улична вредност е 500 милиони долари, соопшти американската крајбрежна стража. Во акцијата се уапсени 49 лица.

Американските медиуми наведуваат дека, кокаинот се уште е една од најкористените дроги во САД.