
Ремито без голови со Португалија ја спречи Италија да се рангира за финалната четворка на првото издание на Лигата на нациите и ја продолжи негативната тенденција тимот да игра неубедливо на свој терен, а првпат во својата историја, „азурите“ не успеаја да стигнат до победа во шест последователни домашни натпревари.
Серијата започна со ремито против Шведска (0:0) минатата есен, што ја лиши Италија од учество на Мундијалот 2018. Следеа реми против Украина, Полска, Холандија и Македонија, а синоќа тимот на Манчини забележа уште едно реми..
За последно, четирикратните светски шампиони победија дома на 5 септември 2017 година- 1:0 против Израел во квалификациите за мундијалот во Русија.
Загрижувачки е и друг факт – Италија има сериозен проблем со нападот. Тимот постигна само 11 гола во последните 16 натпревари. Само во дебито на Манчини „азурите“ се запиша повеќе од еднаш – 2:1 против Саудиска Арабија во контролна.
Во сегашниот состав на Италија најмногу голови во националниот дрес има Џорџо Киелини осум. следен од Чиро Имобиле со седум и Леонардо Бонучи со шест погодоци,