На повидок турбулентен период во владејачката СДСМ

Веќе извесен период во политичките кулоари се споменуваат можности во редовите на владејачките социјалдемократи да дојде до промени во врвот на партијата, иницирани, од како што се вели неспособноста на сегашната прва гарнитура предводена од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев да ги исполни предизборните ветувања и имајќи го предвид растечкото незадоволство кај избирачите, но се чини дека сега ваквите опции почнаа и јавно да се промовираат.

Имено, професорката Катерина Колозова, која во јавноста е препознаена како голем поддржувач на владејачката СДСМ, а неодамна беше често присутна во медиумите со изјави во полза на договорот со Грција за промена на уставното име на земјата, сега порачува дека поранешната партиска челничка и актуелен министет за одбрана Радмила Шекеринска треба да го замени Зоран Заев. А како поткрепа на тоа во јавноста Колозова цитира колумна на Сашо Орданоски, исто така, некогашен член на раководството на поранешните реформирани комунисти.

Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во коешто се$ се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел. Направија милион компромиси, се направија од поздравувања со Амди Бајрам до толерирања, посочи Орданоски во гостувањето на 1ТВ.

Орданоски појасни дека ова е таа атмосфера којашто во Македонија година и полoвина откако Заев е дојден на власт владее, во којашто сите мислат дека на крајот се’ може да се договори од уставни промени до бегање од правдата.

Поради оваа атмосфера политичка, Заев ќе си плати цена за тоа, но за да ја пресретне таа цена мора веднаш да се излезе во јавноста со форензичка анализа како успеа Груевски да избега од земјата без притоа да знае власта, смета Ордановски.

Инаку јавна тајна е дека веќе подолго време во СДСМ се чувствува нетрпеливост меѓу ткн „скопско крило“ и приврзаниците на Заев, при што се забележува за непотизам и форсирање на кадар со сомнителни спосбности и квалификации на важни позиции во државната управа.