Не знам кој нормален човек утре ќе ве гласа

Ивор Мицковски на својот Фејсбук напиша статус преку кој бара одговорност и оставки од власта.

Тој пишувајки за последните случувања во државата прашува:

-Јас не знам кој нормален човек повеќе ќе ви верува и кој нормален човек утре ќе ве гласа, напиша Мицковски.

„Еве недела дена како Груевски ви побегна. Сигурно киднал некој ден порано, ама вие уште во понеделникот баравте по багажници.
Од тогаш изјавивте само глупости, и секој ден се поголеми глупости. Се избламиравте со Јанкулоска, со киднапирањето, со Сејшелите, со разно-разни апологети и полтрони кои ве бранеа, и не презедовте никаква одговорност.
Јас не знам кој нормален човек повеќе ќе ви верува, и кој нормален човек утре ќе ве гласа.
Верувам никој, освен вашите верни клиенти. 
Помина недела цела другари, освестете се, пошто вака се однесуваше тој што ви побегна.
И избеган ве сместува во неговата стапица, а најголемата знаете која е, да изгледате како него, ама некомпетентни.
Одговорност и оставки“, пишува тој.