![skapi drzavi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/skapi-drzavi.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Во Швајцарија и Норвешка животот е најскап, а следуваат и Бермуди, Австралија и Данска. Меѓу земјите со високи примања, САД нуди најевтин живот, открила студијата на која работи Светска банка.
Спротивно, земјите со најниски цени на пазарите се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос се наведува во истражувањето кое се базира на вредностите на локалната валута и куповната моќ на населението, пренесуваат швајцарските медиуми.
САД првата економија во светот зазема 25. место по скапотија што е далеку позади другите земји со висок доход по жител, споредувајќи ја со Макао, Луксембург, Кувајт и Бурнеи.
Една слична студија од 2005 гоидна, открила дека земјите со средни примања имаат многу позначаен удел во светската економија кој се повеќе се зголемува на сметка на најбогатите и најсиромашните држави.
Во 2011 година, според податоците на Светска банка, речиси половина од светскиот доход кој тогаш изнесуваше 90.600 милијарди долари, потекнува од земјите со слаб или среден доход.