
Во Виена започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.
На местото на македонскиот премиер, Зоран Заев на состанокот присуствува вицеперемиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој ќе говори и на панел дискусијата каде ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Претходно, од Кабинетот на Курц соопштија дека Заев ја откажал посетата поради внатрешнополитичките проблеми во земјата.
На состанокот ќе стане збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.