Незабележано невреме на Тенерифе

Десетици лица се евакуирани од зграда во популарно туристичко место на северниот дел на Тенерифе, откако масовни бранови почнаа да удираат во станбена зграда на самиот брег.

На снимките објавени на социјалните медиуми, се гледа како балконите се потполно уништени, а брановите достигнуваат и до третиот кат на зградата.

Освен од зградата прикажана на снимките, од каде се евакуирани 15 лица, надлежните евакуираа уште една зграда и 24 лица, каде поради невремето е оштетен лифтот и има поплава на приземјето.