Уапсен Сашо Мијалков пред „Мериот“ и однесен во Шутка

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, вечерва околу 20 часот е уапсен, пред хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Нетпрес“.

Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков,  вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Засега немаме официјална потврда од МВР, повеќе детали очекуваме наскоро.

СЈО води неколку случаи за Мијалков, а тој е и осомничено лице во „Империја” – последната истрага на ова обвинителство, за која е притворен бизнисменот  Орце Камчев.