Во северен Лондон во стан откриени две импровизирани експлозивни направи

Две импровизирани експлозивни направи се откриени во напуштен стан во северот на британската престолнина Лондон, по што е отворена истрава, соопшти во вторникот вечерта Скотланд Јард.

Полицијата била повикана околу пладнето во врска со дојава за две сомнителни направи најдени во напуштен сатан, во кој се вршело реновирање. Полициските службеници кои дошле на пријавата, како предострожност го евакурала станбениот блок, а соседните улици биле блокирани, се наведува во соопштението за медиумите на британската полиција.

„Првичните процени покажуваат дека двата предмета се импровизирани експлозивни направи. Тие подоцна беа неутрализирани, изнесени од станот и се спроведвуа стручна и криминалистичкра експертиа“, истакнуваат од Скотланд Јард.

Во стант се’ уште дежураат полициски службеници. Улиците во соседството биле деблокирани за сообраќај во средата вечерта, а евакуираните жители се вратени во нивните домови.

„Имајќи ја предвид придорадата на пронајдените направи, иследнмиците од антитерористичкиот оддел на Скотланд Јард во моментов спроведуваат истрага. Во оваа даза, отворени се сите верзии за што биле наменети пронајдените направи“, се додава уште во соопштението на британската полиција.