Нелегален мобилен оператор откриен во стан Скопје

Во стан во Скопје полицијата открила опрема за нелегален мобилен оператор преку кој бил реализиран нелегален меѓународен мобилен сообраќај, информираше во четвртокот Министерството за надворешни

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје за кривичнoто делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на 8 ноември извршил претрес во домот на пријавениот. Во станот била пронајдена поставена активна „сим бокс“ телекомуникациска опрема.

Пријавениот ја инсталирал опремата на почетокот на август и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари.