Видео Со бастуми удираа по возилата – демонстранти пред Собрание нападнаа неколку возачи

Неколку возачи доцна попладнево пред Собранието беа нападнати од демонстрантите. 20-тина граѓани кои протестираа пред Собранието почнаа да упатуваат вербални закани но и почнаа да удираат по возилата кои во тој момент минуваа на улицата која не беше затворена за сообраќај, пренесува 1тв.

По случката и полицијата која беше присутна пред собранието и чија задача беше да го обезбедува протестот мораше да реагира и да ги смирува демонстрантите кои без никаква причина беа гневни на возачите и со пцовки се нафрли на нив и нивните возила.

Филип Петровски како еден од најгласните против Договорот со Грција и учесник во протестите кои се органзираат пред Собранието, и тоа во првите редови, вели дека не го оправдува ова однесување и дека ова не е начин за решавање на проблемите.

Веќе извесен период граѓаните на социјалните мрежи изразуваат револт од блокирањето на еден од најфрекфентните булевари во центарот на градот. Граѓаните негодуваат дека постојано во часовите кога има најголем сообраќаен метеж заради дваесетина а некогаш ниту толку демонстранти се блокира улицата пред Собранието.

Се очекува министерството за внатрешни работи да работи на решавање на овој случај а а за лицата кои ги нападнаа возачите да биде покрената соодветна постапка.