СДСМ: ВМРО ДПМНЕ не сака да спроведе фер и демократски избори

ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту има капацитет да спроведе фер и демократски избори, се вели во реакција од СДСМ на соопштението од ВМРО ДПМНЕ во кое се поздраува извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

„Тој факт го потврдија најрелевантните меѓународни организации. Токму оценките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, содржани во Извештајот, како и изјавите на САД и ЕУ, покажаа дека на изборите не беа овозможени услови за елементарен демократски изборен процес“, се вели во писмената реакција од Социјалдемократите.

СДСМ сметаат дека токму поради тоа е неопходно формирање на техничка влада и спроведување на нови избори.