Еве какво време не’ очекува следната недела

Од денеска па до средината на следната недела Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со што следува период на пооблачно време со почести врнежи од дожд.

Врнежите од дожд ќе бидат пообилни во западните делови на земјата. Од среда ќе има и пад на температурата.

Во следните денови услови за снег ќе има само на највисоките планини со надморска височина од над 2000 метри.