Членовите на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ најверојатно вечерва ја потврдиле одлуката на Извршниот – пратениците да не ги прифатат мандатите, а од партискиот двоец Зоран Заев и Радмила Шеќеринска била побарана оставка на функциите, јавува „24 вести“.
Според информациите на телевизијата. атмосферата на состанокот била тензична, а во дворот можеле да се чујат високи тинови.
Барањата за оставка Заев ги пресретнал уште на почетокот кога на сопартијците им порачал да не бараат оставки, бидејќи тој немал намера да даде, затоа што на функција е само 10 месеци, а има конгресен мандат од 4 години.
Дел од поранешните функционери му забележале на Заев и на неговата заменичка дека тие биле луѓето што го урнале отпорот.
На Централниот одбор присустувал и кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.