Почина Слободан Угриновски, лидерот на Титови леви сили

Ненадејно на седумдесетгодишна возраст ноќта кон неделата во Куманови, почина Слободан Боби Угриновски, претседателот на партијата Титовите леви сили.

Сојузот на Титови леви сили е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија основана на 26 октомври 2005 година. Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз – Тито, а нејзин претседател беше Слободан Угриновски.

На парламентарните избори во 2006 и 2008 година, Титовите леви сили настапија самостојно и освоија околу 3 000 гласови, недоволни за влез во Собранието. На локалните избори во 2009 година Угриновски стана советник во советот на град Скопје,.

Поради несогласување со одлуката на СДСМ за бојкот на локалните избори во 2013-та, Сојузот на Титови леви сили ја напуштил коалицијата. На изборите во 2014 година ја поддржаа партијата ГРОМ. Партијата потоа влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во 2016 година..

Погребот на Угриновски ќе биде на градските гробишта Бутел утре во 14,30 часот