Ноќеска во пожар изгоре кафеаната Мечка во Дебар маало

Во пожар кој избувна рано утринава околу 3 часот, изгоре објектот во кој се наоѓа кафеаната Мечка во скопско Дебар маало.

Од засега неутврдени причини, во кафеаната избувна пожар кој го зафати целиот објект, вклучувајќи ги и горните катови во кои имаше луѓе. Многу брзо интервенираше противпожарната бригада со неколку возила, а пред пристигнувањето на пожарникарите, војниците од ГШ и Министерството за одбрана кое се наоѓа веднаш во близина, помогнаа да се евакуираат станарите кои беа загрозени од огнените јазици кои бргу се ширеа.

Во пожарот настрада и едно возило кое беше опожарено од запален уличен кабел.