
Во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихетр на западната граница со Ирак, повредени се повеќе од 600 луѓе, повеќето лесно, објави државната иранска телевизија во понеделникот и потврди дека немало смртно настрадани.
Потресот доцна ноќта во неделата беше почувствуван во седум иранскио покраина, а најсилно во Керманшах, каде што минатата година загина повеќе од 600 а над илјада луѓе беа повредени во најсмртоносниот потрес во последните десет години.
„Бројот пповредени достигна 646 … Повеќето не се хоспитализирани, бидејќи станува збор за полесни повреди“, ги пренесува телевизијата изјавите на локалните функционери.
Претседателот на иранската Црвена полумесечина, Махмуд Мохамади Насаб, за телевизјата потврди дека нема загинати. Државната телевизија известува за помала штета и за помала штета на некои згради во регионот. Потресот предизвикал свлечишта, но сите локални патишта и натаму се отворени за сообраќај, а снабдувањето со електрична енергија е вратено во сите подрачја погодени од потреси.
Американската геолошка служба USGS објави дек потресот бил на длабочина од 65 километри, 114 километри од северозападниот град Илам, во близина на иранско-ирачката граница. Беше почувствуван и во Багдад и Ербил во Ирак.
Регионот Керманшах, каде што потресот во неделата најчесто се почувствува, се наоѓа во близина на големите раседлини и оттаму земјотресите се чести. Потрес од магнитуда 6,6 го погоди во 2003 година регионот Керман, при што загинаа повеќе од 31.000 луше. Земјотресот тогаш го срамни со земјата историскиот град Бам.