Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во понеделникот, на барање на неговото семејство, го помилуваа британскиот универзитетски професор кој беше осуден на доживотен затвор поради шпионажа, само неколку минути откако прикажаа снимка на којашто наводно признава дека е припадник на британскaта разузнавачка агенција МI6.
Челникот на ОАЕ помилувањете го дал во рамките на масовното помилување на повеќе од 700 затвореници по повод одбележувањето на државниот празник, се наведува соопштените коешто го пренесува државната новинска агенција WAM.
Помилувањето стамило на сила, па 31-годишниот Метју Хеџес, докторант и Универзитетот Дархам, кој во затвор мина шест месеци, ќе може да ја напушти земјата „откако ќе бидат решени сите формалност“, се наведува уште во соопштението.
Британскиот министер за надворешни работи ја поздрави одлуката, велејќи дека британската влада биле шокирана од обвинувањата против Хеџес, но и оти е благодарана бидејќи ОАЕ брзо го решиле проблемот. Професорот беше во притвор од почетокот на мај, откако е уапсен на аеродром во Дубаи по завршувањето на двенеделние истражувачка посета на земјата.
Пред да биде објавено помилувањето, портпаролот на валдата им прикажа на новинарите видео-снимка на којашто Хеџес наводно признава дека е припадник на MI 6, како и да ги истражува воените сисетми коишто ги купуваат ОАЕ.
Семејството на професорот и неговите колеги од универзитетот тврдат дека станува збор за талентиран научник кој доживеал неправда од арапскиот правосуден систем. Додека ОАЕ тврди дека станува збор за британски шпион кој добил чесно судење.