Атентаторот на автобусот со играчите на Борусија Дортмунд добни 14 година затвор

Напаѓачот на автобусот со играчите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд пред наптреваротв во Лигата на шампионите со Монако во април 2017 година е осуден на 14 затвор.

Дваесет и деветгодишниот Сергеј Венерголд минатата година постави три импровизирани експлозивни направи крај рутата на автобусот со кој играчите на Борусија доаѓаа на стадионот, а во екслозијата беше повреден бекот Марк Бартра и полицаец на мотоцикл. Судот го обвини Венерголд за повеќекратен обид за убиство, и тоа од материјална полза, бидејќи овој млад Германец шпекулирал на берзата, обложувајќи се на пад на акциите на клубот од Дотрмунд, што би му донело околу милион евра профит.

Призна дека поседувал три експлозивни средств, но негираше дека имал намера некого да убие, тврдејќи дека само сакал да предизвика страв и паника.

Борусија беше тогаш и елиминирана од Монако (2:3, 1:3) во Лигата на шампионите, а многумина сметаат дека и тоа е последица од атентатот, бидејќи натпреварот во Дортмунд беше одложен само на 24 часа.