Кими Раиконен тестираше болид на Заубер првпат по 17 години

Доскорешниот возач на Ферари, Кими Раиконен, седна зад воланот на тимот на Заубер, првпат по 2001 година. Финецот денеска во Абу Даби ги тестираше гумите на производителот „Пирели“.

Финецот кој со своите 37 години е ветеран во Формула 1, возеше еден круг.

Неговата замена во Ферари ќе биде францускиот пилот Чарлс Леклер, кој утре ќе го тестира својот болид.