Попладнево ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест во Скопје чиј повод е годишнината од приведувањата за случувањата во Собранието на 27 април. Протестниот марш, според најавата, ќе почне во 17 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Поради тоа, МВР најави промена на сообраќајниот режим.
Денеска од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада, се вели во соопштението.
Последниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата во Скопје беше на 2. јуни оваа година, петнаесетина дена пред Македонија и Грција да го потпишат договорот од Преспа, кој наиде на широка поддршка од меѓународниот фактор. Потоа следуваа протестни маршеви низ другите градови.