Македонската компанија „Телесмарт“ која за задача има да обезбедува интернет врски и мрежни поврзувања за своите клиенти годинава прославува седум години од своето основање. Првиот човек на компанијата, Благојче Димески вели дека од скромните почетоци во 2007 година досега од компанијата успеале да направат успешен бренд и лидер во обезбедувањето на телекомуникациските услуги во земјава.