
Денеска, по 23 прекрасни години, официјално го објавувам крајот ана својата професионална играчка кариера, изјави во средата во соопштение 38-годишниот Роби Кин, најдобриот стрелец на фудбалската репрезентација на Северна Ирска на сите времиња.
Во 146-те настапи за ирската репрезентација, Роби Кин постигна 68 голови а со три погодока беше најдобар стрелец на својата селекција на Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, кога Ирците стасаа до осминафиналето.
Покрај настапот на мундијалот, Кин играше во репрезентативниот дрес на европските првенство во 2012 и во 2016 година, по коешто се прости од селекцијата, во којашто ќе го продолжи својот фудбалски пат како помошни тренер на сегашниот селектор Мик Меккарти, под чиешто водство и дебитираше во 1998 година.
„Играњето за репрезентацијата и водењето како капитен беше врв на мојата кариера. Уживав во секој момент од ова неверојатно 18-годишно патување со Ирска, а како што повеќепати истакнував, зборовите не можат да опишат колку сум горд што сум Ирец. Се надевам дека ги направив навивачите горди додека ги носев зелениот дрес и капитенската лента“, изјави 38-годишникот роден во Даблин, од каде што тргна да ја гради фудбалската професионална кариера.
Играјќи а десет клубови во текот на 23-годишната кариера, Кин впиша 737 настапи во кои постигнал 325 погодоци, од кои 126 реализирал во англиската Премиер лига. Кин ги носеше дресовите на Вулверхемптон, Ковентри, милански Интер, Лидс Јунејтед, Тотенхем, Ливерпул, глазговски Селтик, Вест Хем Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и Астон Вила, а кариерата ја заврши во индискиот клуб АТК, каде што првпат беше и во улогата на главен тренер на екипата.
„Кога со 15 години заминував од домот и заминав во Англија, бев преполн со сништа. Ми беше потребна само една можност. Затоа посебно им се заблагодарувам на Вулверхемптон Вандерерс, бидејќи веруваа во мене и му ја дадоа таа шанса… Ја имав честа да одиграм 238 натпревари за Тотехнем и да бидам капитен. Проживеав многу убави моменти и денови минати на ‘Вајт Харт Лејн’ секогаш ќе ми бидат многу драги. Овој клуб секогаш ќе има посебно место во моето срце“, напиша Кин особено апострофирајќи го периодот минат во лондонскиот клуб.
Кин со Тотенхем го освои англискиот Лига куп, а најуспешниот период го имаше играјќи за ЛА Галакси, со кој ја освојуваше шампионската титула во МЛС лигата во 2011, 2012 и 2014 година.