
Британската премиерка Тереза Меј изјави во средатра дека е невозможно да се организира повторен референдум за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, пред датумот за напуштање на ЕУ, односно 29-ти март следната 2019 година.
„На прашањето за втор референдум, сметам дека е важно да почитуваме волјата на британскиот народ“, изјави Меј пред британскиот парламент во одговор на прашање од пратеник.
„Но, јас би замолила да се има предвид и тоа дека не би било можно да се организира референдум пред 29 март следната година. Тоа би значело продолжување на чл. 50, одложување на бБрегзит или напуштање на Унијата без договор“, појасни Меј.
Британскиот министер за животна средина Мајкл Гоув формално го поддржа договорот кој го постигна Меј со Брисел. Во одговор на прашањето дали би поддржал пратениците кои сакаат Британија да го преземе норвешкиот модел, Гоув истакна пред парламентарна комисија дека според него веќе постигнатите договори се најдобрата опција за земјата.