
УЕФА ќе го казни АЕК за немирите за време на натпреварот во Лигата на шампионите со Ајакс во вторникот вечерт, а Дисциплинската комисија на европската фудбалска асоцијација ќе се состане на 13-ти декември поради хулиганските акции на навивачите на грчкиот тим.
На почетокот на натпреварот меѓу двата тима, навивачите на АЕК го нападнаа гостинскиот сектор со сигнални ракети и молотови коктели, при што настрадаа неколку посетители.
Според грчките медиуми, меѓу фановите на Ајакс имало и на грчкиот ривал на атинскиот клуб Панатинаикос, што предизвикало гнев кај приврзаниците на тимот од Атина.
УЕФА не ја исклучува можноста и Ајакс да биде казнет за однесувањето на неговите поддржувачи за време на мечот во грчкиот главен град.
Тимот од Амстердам победи со 2:0 и се квалификуваше за осминафиналето на Лигата на шампионите.