Поранешната грузиска министерка за надворешни работи Саломе Зурабишвили победи на претседателските избори, објави изборната комисија во четвртокот утрото, а таа стана првата жена којашто ја извршува претседателската должност во историјата на Грузија.
Шеесет и шестгодишната Саломе Зурабишвили освоила 59,52 отсто или 1,1 милион гласачи од гласовите по пребројаните 99 отсто од изборниот материјал, објави комисијата, додека нејзниот противкандидат Григор Вашкадзе, исто така, поранешен министер за надворешни работи освои 40,48 отсто од гласовите, или 780.000 гласачи.
„Земјата денеска ја донесе клучната одлука… Сите ние, дефинитивно и цврсто, велиме не за минатото“, рекла Зарубашвили пренесе телевизијата Rustavi 2.
Зарубашвили се кандидираше како независна кандидатка, но ја поддржува владејачката партија Грузиски сон, која сака да ги развие односите и со Русија и со Европската унија. Рече дека ќе настојува да оствари дијалог со оние кои не ја поддржувале во претседателската трка. Должноста новата претседателка ќе ја преземе кон средината на декември.
Кандидатот на опозициската коалиција Сили во единство, Вашадзе, чиишто резултати во првиот круг беа близу нејзините, ги поддржуваше, пак, интеграциите со ЕУ и со НАТО.
Од вкупно 3,5 милиони гласачи во Грузија, на изборите излегоа 56,23 отсто. Сегашниот претседател Гиорги Марвелашвили не сакаше да се кандидира повторно. Овие избори, инаку, беа последните на кој Грузијците директно го бираат шефот на државата, бидејќи земјата треба да стане парламентарна република, а претседалот ќе го избираат електорски колегиум.
Зурабашвили е родена на 18-ти март 1952 во Париз во семејство грузиски политички емигранти. Повеќе од 30 години работела во системот на министерството за надворешни работи на Франција. Од 2004 до 2005 година беше министер за надворешни работи на Грузија. Во номеври 2005 година Зурабашвили ја формираше партијата Петот на Грузија, која активно учествуваше во масовните протести од 2007 и 2009 година, а по пет години објави дека ја напушта грузиската политичка сцена.
Во 2013 година Зурабашвили веќе се кандидираше на грузиските претседателски избори, но тогаш не беше регистрирана за кандидат поради двојното државјанство, на Франција и на Грузија. Во август годинава Зурабашвили го врати француското државјанство за да може да се кандидира на претседателските избори.