Анчелоти знае дека ќе нема фаворит во Лисабон

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти е еден од ретките тренери кои можат да се пофалат дека и како фудбалер и како тренер имаат славено во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Трофејниот италијански стручња има освоено три титули во Лигата на шампиони, една како фудбалер и две како тренер на седумкратниот европски клупски шампион Милан.
Најголемиот “виновник” за големиот успех на “кралскиот клуб” кој по пауза од 12 години повторно ќе биде дел од финалниот натпревар во Лигата на шампиони, веднаш откако дозна дека градскиот ривал, Атлетико (М) ќе биде противник на Реал (М) изјави дека на 24 мај, во Лисабон, нема да постои улогата на фаворит.

„Знам дека сите се среќни во Мадрид, дека се среќни поради големиот успех на градските ривали. Атлетико (М) сосема заслужено ќе биде дел од финалниот натпрева, сосема заслужно го елиминираа Челзи. Секој кој бил дел од еден финален натпрева во Лигата на шампиони добро знае дека во еден таков натпревар не постои услогата на фаворит. Очекувам многу тесен, многу неизвесен натпреар. Многу сум возбуден, уживам во овој позитивен момент, уживам во овој голем успех, палсман во финалниот натпревар по пауза од 12 години. Среќен сум што работам за најголемиот клуб во целиот свет”, изјави Анчелоти.