Фудбалерите на Рајо Ваљекано пред своите навивачи минимално со 1:0 (0:0) го совладаа Еибар во првиот натпревар од 14-то коло на шпанското првенство, завршувајќи ја серијата од 11 мечеви без победа.
За само втората победа сезонава за екипата од работничко предградие на Мадрид заслужен е Адрио Ембарба кој во 53 минута постигна погодок за трите бода.
Со победата Рајо успеа да дојде 10 бодови, но се’ уште е на претпоследното место на табелата, пред Хуеска која има само седум бодови. Еибар, пак, со 18 бодови е на 10 место. Водечката Севилја има 26 бодови, еден повеќе од вторпласираната Барселона. Трет е Атлетико Мадир со 24, а четврти е Алавес со 23 бодови. Великанот Реал Мадрид со 20 е место зад петтиот Еспањол кој има бод повеќе.
Во сабота играат: Селта Виго – Хуесак, Вајадолид – Леганес, Хетафе – Еспањол и Реал Мадрид – Валенсија. Во недела се среќаваат Бетис – Реал Сосиедад, Жирона – Атлетико Мадрид, Барселона – Виљареал и Алавес – Севилја. Колото ќе го затворат во понеделник Леванте и Атлетик Билбао.