Во последната средба и дербито од 14-то коло на шпанското фудбалско првенство Алавес и Севилја одиграа 1:1, по што Барселона која претходно го совлада Вилјареал со 2:0 се врати на врвот на Примера.
Изненадувачки високопласираниот оваа сезона Алавес во првото полувреме се трудеше да ги оправда добрите резултати и беше подобар противник, и заслужено поведе во 37 минута преку Џони. Севилја тргна силно во вториот дел а надмоќата ја круниса Бен Једер со гол во 78 минута. Домашните до крајот на мечот се обидоа да го загрозат противничкиот гол, но резултатот не се менуваше.
Претходно Барселона на својот „Камп Ноу“ го победи Вилјареал. Гостите не се бранеа, но не искористија во првиот дел неколку грешки на домашната одбрана, а потоа нивната капитулирапе кога нафрли Усман Дембеле а со глава поентираше Жерар Пике. Надежите на гостите ги закопа младиот Карлес Алења, изданок на фудбалската школа на Барса, кој рутинерски го префрли гостинскиот голман во 87 минута на фантастичното проигрување од Лионел Меси кој го исфрли сам пред голот на Вилјареал.
Води Барселона со 28 бодови, Севилја има 27, а селдат Атлетико Мадрид со 25 и Алавес со 24 бодови. Реал Мадрид со вчерашниот триумф се закотви на петтото место со 23 бодови.