
Стапката на инфлација во Турција е намалена за 1,44% во ноември, објави Институтот за статистика на Турција.
Најголем раст на цените на годишна основа имаат мебелот и апаратите за домаќинство – 37,73%, а во секторот „услуги“ цените се повисоки за 27,87%. Кај храната и безалкохолните пијалоци инфлацијата е 25,66%, а кај недвижнините 24,76 проценти.
„Податоците го прикажуваат успехот на сеопфатната програма на Владата за борба со инфлацијата“, изјави турскиот министер за финансии, Берат Албајрак. Во октомври Албајрак ја презентираше програмата за намалување на инфлација, која доби голема поддршка и од приватниот сектор. „Бројот на корпорации и фирми, кои решија да ги намалат цените на своите производи, е над 25 илјади“, заклучи турскиот министер.