Полицијата ги симна заштитните шлемови пред демонстрантите (ВИДЕО)

Група полициски службеници во Париз ги симнаа заштитните шлемови пред големиот број граѓани кои протестираа против зголемување на цената на горивото.

На протестите во Франција кои ескалираа и дојде до судир на полицијата и граѓаните, повеќе од 400 лица беа уапсени, околу стотина беа повредени, шест згради и 112 автомобили беа запалени, голем број метро станици беа затоврени, а огромна материјална штета е причинета и на Триумфалната порта.

Протестите на „Жолтите елеци“ од Франција се проширија и во Белгија и Холандија.