ВМРО-ДПМНЕ: Исклучувањето мерни станици не е мерка за подобар воздух

Откако од владејачката СДСМ се пофалија дека е намален бројот на денови со загаден воздух, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде потсетија дека Скопје изминатата ноќ бил седми град по загаденост на воздухот во светот, а мерките на власта не даваат резултат.

„СДСМ повторно манипулира и ја замајува јавноста. Половина од мерните станици со месеци не функционираат, додека неспособната власт на СДСМ се фали дека истите не покажувале загаденост.

Исклучувањето на мерните станици во местата со најголема загаденост не е мерка против енормно загадениот воздух.

Додека власта се расфрла со лаги граѓаните продолжуваат да се гушат и завиваат во црно од загадениот воздух.

Скопје изминатата ноќ беше седми град по загаденост во светот,  во друштво со Пекинг од Кина и Лахоре од Пакистан. Тоа  е доволен показател СДСМ и Шилегов немаат превземено апсолутно ништо за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Ветуваат итни мерки, а речиси две години ништо не реализираа. Граѓаните се завиваат во црно, а Шилегов си игра игрички, Макрадули си дреме, а Дураку вели дека не му е грижа за тужбите од граѓани и активисти заради загаденоста.

Наместо да се фалат со исклучените мерни станици, треба веднаш да ги приклучат и да постават дополнителни и тоа во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот, да може подобро  да се контролира загаденоста.

СДСМ наместо живот донесе црнила за граѓаните. Во изминатиот период покажаа дека не се способни ниту имаат намера да се справат со загаденоста, единствено што имаат намера е да лажат и да се луксузираат.  Затоа мора веднаш да си заминат. заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.