
Жителка на новозеландскиот град Крајстчерл на локалната плажа минатата седмица пронајде останки од необично суштество, кои првично го сметала за „новодојдено“, пишува The New Zealand Herald.
Хана Мери го открила скелетот на таинственото суштество додека ја чистела плажата по бура. Прво сметала дека станува збор за полиетиленска кеса, но по внимателното разгледување сфатила дека се во прашање останки од животно.
„Отпрвин мислев дека тоа е некој вид новодојденец, и бев повеќе од изненадена“, признава Мери.
На фотографиите кои таа ги постирала на Facebook, со цел корисниците на социјалната мрежа да го препонаат суштеството, може да се забелеќи скелет со долга опашка и два екстремитета од страните, слични на крилја од кои излегуваат канџи, а во челуста има остри заби.
Многумина од корисниците претпоставуваат дека скелетот можеби да потекнуваат од ража.
Претпоставките во овие коментатори го потвердува ихтиологот Малколм Френсис од Националнито институт за води и атмосфера на Нов Зеланд (NIWA), кој дошол до заклучокот дека најдените останки му припаѓаат на машки примерок на ража, кој припаѓа на видот Dipturus nasutus.
Овој вид припаѓа на семејството ромбоидни ражи, со должина помала од еден метар, кои живеат во умерените води на источниот дел од Индискиот и југозападниот дел од Тихиот Океан. Меѓународното здруженија за заштита на природата им го додели статусот на „загрозен“ вид.