Во судири со Сириските демократски сили (SDF) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на ултрарадикалната сунитска терористичката групација Исламска држава.
Според албанските медиуми, станува збор за Албанец познат под името Абу Усама ал-Албани, еден од главните команданти во Исламската држава.
Се смета дека командантот на џихадистите е странец од Албанија, дека е предводник на одбраната на овој фронт на реката Еуфрат против сириските опозициски сили кои ги поддржува Западот, наведуваат локалните медиуми, без да бидат наведени други поединост.
Во Сирија и Ирак, во редовите на Исламската дражва се приклучиле околу 150, а на тамошните боишта убиени се повече од 20 албански државјани.